ПРВ.мк
Црна Хроника

(ФОТО) ВОНРЕДНА ВЕСТ: Спречен терористички напад во Скопје - ова се деталите!

(ФОТО) ВОНРЕДНА ВЕСТ: Спречен терористички напад во Скопје - ова се деталите!
Kristal

На 6 февруари 2026 година, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против:

  • Б.Д. (33)
  • М.Д. (29)
  • С.Е. (25)

сите од Скопје, за сторени кривични дела:

  • „злосторничко здружување“ (чл. 394 став 1 од КЗ)
  • „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ (чл. 396 од КЗ).

Во рамките на предистражната постапка, е утврдено дека осомничените се организирале за одмазда на своите браќа, кои минатата година беа обвинети и осудени за кривично дело „терористичка организација“. Според прибраните докази, лицата дејствувале координирано како група со заедничка идеолошка определба, заснована на радикални исламистички наративи, а биле преземени активности за:

  • собирање парични средства од земјава и странство за наводна пропаганда и активности поврзани со Исламска држава
  • набавка на оружје

По наредба на Основниот кривичен суд Скопје, под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, вчера биле извршени претреси на домови и други простории на повеќе локации во Скопје.

При претресите биле пронајдени и одземени:

  • автоматска пушка со две рамки и 44 куршуми
  • два пиштола со три рамки и 14 куршуми
  • ловна пушка и воздушна пушка
  • рачна димна бомба
  • муниција од различен вид и калибар
  • други доказни материјали
FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo