ПРВ.мк
Топ Вести

Одлична можност за мини-одмор – доаѓа уште еден продолжен викенд!

Одлична можност за мини-одмор – доаѓа уште еден продолжен викенд!
Kristal

Следниот неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија е 20 март (петок), кога се одбележува Рамазан Бајрам, што воедно носи и продолжен викенд.

Во продолжение ви го пренесуваме комплетниот календар на неработни денови за 2026 година, корисен водич за навремено планирање на одмори, патувања и кратки бегства од секојдневието.

Неработни денови за сите граѓани на РСМ во 2026 година

Во текот на годината, граѓаните ќе имаат вкупно 7 продолжени викенди:

  • 1 јануари (четврток) – Нова година
  • 7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден
  • 20 март (петок) – Рамазан Бајрам (продолжен викенд)
  • 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден (продолжен викенд)
  • 1 мај (петок) – Ден на трудот (продолжен викенд)
  • 25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (24 мај е недела – продолжен викенд)
  • 3 август (понеделник) – Ден на Републиката (2 август е недела – продолжен викенд)
  • 8 септември (вторник) – Ден на независноста
  • 12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (11 октомври е недела – продолжен викенд)
  • 23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (продолжен викенд)
  • 8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

Дополнителни неработни денови за православните верници

Покрај државните празници, православните верници имаат и свои дополнителни неработни денови, од кои дел исто така овозможуваат продолжени викенди:

  • 19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици)
  • 6 мај (среда) – Ѓурѓовден
  • 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (продолжен викенд)
FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo