Министерството за внатрешни работи известува дека во тек е голема акција против нелегалната трговија со марихуана.
- Во правно лице во Скопје се одземени околу 9 тони марихуана и над 1.300 шишиња масло од канабис.
- Во правни лица од источниот регион се одземени повеќе од 31 тон марихуана и биомаса.
Контролите се извршени во координација со Царинската управа и Министерството за здравство, а јавниот обвинител од ОЈО за ГОКК води посебен тим за овој предмет. При проверките се констатирани неправилности во документацијата и неусогласеност во количините, поради што целосната количина на марихуана е одземена.
МВР информира дека акцијата продолжува и дека јавноста ќе биде дополнително известена по целосно расчистување на случаите.

















