На 06 февруари 2026 година, во 15:53 часот, од страна на доктор од Клиничка болница Битола е пријавено дека кај нив е донесено двегодишно дете со тешки телесни повреди. Детето било нападнато од кучиња скитници додека си играло во близина на семејната куќа.
Поради сериозноста на повредите, детето е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
СВР Битола презема мерки за расчистување на настанот.

















