ПРВ.мк
Црна Хроника

Неверојатен инцидент меѓу колешки во суд: Едната со автомобил ја удрила другата, сопругот пријавил обид за убиство

Неверојатен инцидент меѓу колешки во суд: Едната со автомобил ја удрила другата, сопругот пријавил обид за убиство

Несекојдневен инцидент го потресе правосудството во Босна и Херцеговина, откако стручна соработничка на Основниот суд во Бања Лука со автомобил удрила и повредила судијка од истата институција. Случајот добил дополнителна тежина откако сопругот на повредената жена пријавил дека не станува збор за обична сообраќајна несреќа, туку за можен обид за убиство.

Инцидентот се случил околу полноќ на Јахорина, непосредно пред отворањето на јубилејното 20. советување од областа на граѓанското право, на кое присуствувале стотици правници и претставници на највисоките правосудни институции во земјата.

Според информациите на босанскиот медиум АТВ, стручната соработничка со иницијали Г. Р., која наводно била под дејство на алкохол, со својот автомобил ја удрила новоименуваната судијка Б. К.

Сопругот на повредената судијка тврди дека ударот бил намерен и дека неговата сопруга се обидела да го избегне автомобилот, но не успеала.

Тој го пријавил случајот во полиција како сомневање за обид за убиство, барајќи да се испитаат сите околности под кои се случил инцидентот.

На местото пристигнале полициски службеници од Источно Сараево, кои извршиле увид и започнале истрага.

Осомничената била повикана во полициската станица, каде што одредено време била задржана.

Според неофицијални информации, кај неа било утврдено присуство на повеќе од еден промил алкохол. Во утринските часови била пуштена на слобода.

Дополнително, локалните медиуми пренесуваат дека осомничената наводно тврдела оти не знаела дека удрила пешак, туку мислела дека удрила во препрека покрај патот.

Обвинителството го истражува случајот

За инцидентот било известено Окружното јавно обвинителство во Источно Сараево, кое започнало постапка за утврдување на сите факти.

Портпаролот на обвинителството, Невен Крамер, потврдил дека случајот засега е квалификуван како кривично дело неукажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа.

Тоа значи дека, иако сопругот на судијката пријавил сомневање за обид за убиство, надлежните институции во оваа фаза не потврдиле дека станува збор за намерен напад.

Истрагата продолжува, а конечната правна квалификација ќе зависи од доказите и утврдените околности.

Најнови вести