Двете момчиња, за кои се претпоставува дека се помлади од 12 години, влегле во изложеното возило, а едното од нив успеало да го стави во рикверц.
Само неколку секунди подоцна, скапиот автомобил почнал да се движи наназад и удрил во конструкцијата на штандот, предизвикувајќи материјална штета.
На видеоснимката што масовно се прошири на социјалните мрежи може да се забележи како еден од вработените во „Мерцедес“ се обидува да реагира, но не успева да го спречи ударот.
По судирот, вработениот останал во неверување, беспомошно кревајќи ги рацете, додека децата излегле од автомобилот.
Набргу потоа на местото пристигнале и припадници на обезбедувањето.
За среќа, во инцидентот нема повредени лица, но биле оштетени изложбената конструкција и самото возило.
Од „Мерцедес“ започнале проверка за да утврдат како воопшто било можно изложениот автомобил да се придвижи, бидејќи ваквите возила вообичаено треба да бидат обезбедени од случајно стартување.
Засега не е познато дали ќе има последици за момчињата, ниту колку ќе чини санирањето на штетата.
Видео:







