На 07 февруари 2026 година, во 06:31 часот, во Полициската станица Кисела Вода е пријавено дека 15-годишник од Скопје со тешки телесни повреди бил донесен во Ургентниот центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Според пријавата, малолетникот бил физички нападнат околу 00:30 часот во обложувалница во Скопје од Л.В. (18).
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

















