ПРВ.мк
Свет

СТРАВ ОД ТЕРОРИЗАМ: Намерно нападната електроенергетската мрежа, 20.000 корисници останаа без струја

СТРАВ ОД ТЕРОРИЗАМ: Намерно нападната електроенергетската мрежа, 20.000 корисници останаа без струја

Намерен напад врз електроенергетската инфраструктура во австрискиот град Линц предизвика тревога кај безбедносните служби, откако околу 20.000 корисници привремено останаа без електрична енергија.

Иако првично се сметало дека прекинот во снабдувањето со струја е последица на технички дефект, дополнителните проверки откриле траги што укажуваат на намерна саботажа.

Техничките екипи на локалната електроенергетска компанија веднаш интервенирале, а снабдувањето со електрична енергија било целосно нормализирано за помалку од еден час.

Случајот го презела Државната служба за заштита на уставниот поредок и борба против тероризмот.

Според австрискиот весник „Кронен цајтунг“, истражителите разгледуваат повеќе можни мотиви и не ја исклучуваат можноста инцидентот да бил поврзан со подготовки за поголема саботажа.

Истрагата се води во повеќе насоки, вклучително и можни активности на екстремистички групи или лица ангажирани од странски разузнавачки структури.

Сепак, засега нема официјална потврда за идентитетот на сторителите, нивните мотиви или евентуална поврзаност со терористички организации.

Австриските безбедносни служби се дополнително претпазливи поради неодамнешниот подметнат пожар во објект на интернет-провајдер во Долна Австрија.

Според разузнавачките податоци што ги пренесуваат медиумите, од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година, низ Европа биле спречени повеќе од 200 напади врз критичната инфраструктура.

Последниот инцидент во Линц повторно го отвора прашањето за безбедноста на европските енергетски системи и заштитата на објектите од стратешко значење.