На средба со сточарите од Пелагонија, министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, им ги презентираше плановите за исплата на субвенциите за 2026 година.
Сточарите, претставени од Тони Петковски-Паша, претседател на здружението „Пелагонско поле“, информираа дека министерот ветил дека исплатата на субвенциите ќе почне по изгласувањето на програмите на МЗШВ во Владата, односно пред 15 февруари. Првите средства што ќе бидат исплатени ќе им пристигнат на лозарите, во пресрет на празникот Свети Трифун.
„Имавме конструктивна средба со министерот. На прашањето кога ќе ги добиеме заостанатите субвенции по сите основи и гранки, не беше ветено дека средствата ќе почнат да се исплаќаат по 10 февруари, откако Владата ќе ги усвои програмите на МЗШВ“, изјави Петковски.
Средбата ја оценија како конструктивна, со јасен план за почеток на исплата на субвенциите за сите гранки, вклучително сточарство и лозарство.

















