ПРВ.мк
Топ Вести

ВНИМАТЕЛНО ВОЗАЧИ: УХМР најави големи врнежи од снег во овие делови на Македонија!

ВНИМАТЕЛНО ВОЗАЧИ: УХМР најави големи врнежи од снег во овие делови на Македонија!
Kristal

Денешниот ден ќе помине во знакот на променливо облачно и релативно топло време.

Во утринските часови се очекува слаб и локален дожд, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, врнежите од дожд ќе се интензивираат во западните делови од земјата.

На повисоките планински предели, особено во северозападните региони, дождот ќе преминува во снег. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, кој во западните краишта повремено ќе биде и засилен.

Минималните утрински температури ќе се движат од 2 до 5 степени, додека дневните максимални ќе достигнат меѓу 11 и 18 степени Целзиусови.

Времето во Скопје

Во главниот град ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Претпладне, во делови од Скопската котлина, можна е магла. Ќе дува слаб и променлив ветер.

Минималната температура ќе се спушти до околу 3 степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени.

Прогноза за наредните денови

Во наредниот период следува нестабилно време со повремени врнежи:

  • Недела – претпладне локален дожд, а на планините во северозападните делови снег
  • Понеделник – дожд на повеќе места, поинтензивен во југоисточните региони, со снег на планините
  • Поради продор на постуден воздух, на повисоките места дождот ќе преминува во снег
  • Потоа следуваат два претежно стабилни денови, а нови врнежи се очекуваат од четврток
FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo