Најмалку 13 лица го загубија животот, а 34 се повредени во западниот дел на Непал, кога автобус со свадбари излетал од планински пат.
Несреќата се случила синоќа, кога автобусот се стркалал околу 200 метри низ стрмна падина и завршил на рамно земјиште во близина на селото Будгаун, околу 500 километри западно од Катманду.
Повредените веднаш биле пренесени во болници, додека телата на загинатите биле извлечени од целосно уништениот автобус. Спасувачките екипи работеле со часови во тешки услови за извлекување на патниците.

















