Во сообраќајна несреќа на главниот пат Сараево – Пале, во месноста Лапишница, едно лице загина, а осум други се повредени, соопшти Полициската управа на БиХ.
Несреќата се случила при директен судир меѓу камион и комбе.
Жртвата е жена која седела на совозачкото седиште во комбето, додека повредените се пренесени во болница во Сараево.

















