На 6 февруари 2026 година, околу 17:20 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.В. (35) од Скопје.
Постапката следи по претходна пријава од 4 февруари 2026 година, според која А.В., во временскиот период од 18 декември 2025 до 4 февруари 2026, во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, каде бил вработен како менаџер, повеќепати неовластено одзел пари од касата, со што му нанел штета на фирмата во износ од 2.783.867 денари.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следуваат соодветни пријави за „затајување“ и „кражба“ по членовите 239 и 235 од Кривичниот законик.

















