На 5 февруари 2026 година, околу 15:10 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани лишија од слобода Е.Џ. (35), М.Џ. (27) и Е.Д. (50), сите од Штип.
Според пријавеното, во 15:05 часот на улицата „Стамен Манов“ бил сопрен патничко возило „Фолксваген Голф“ со штипски регистарски таблички, управувано од Е.Д.. При преглед, кај М.Џ. била пронајдена и одземена марихуана.
Судија од Основниот суд Кочани одреди мерка притвор од 30 дена за М.Џ., кој е спроведен во Затвор Куманово.

















