ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ЗАПЛЕНА: Полицијата заплени голема количина канабис од фирма блиска на Заеви - еве за кои станува збор!

ГОЛЕМА ЗАПЛЕНА: Полицијата заплени голема количина канабис од фирма блиска на Заеви - еве за кои станува збор!
Kristal

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните акции против нелегалната трговија со марихуана. Утрово, во координирана полициска акција, од фирмата „CBD Medplant“ од Босилово, Ново Село, се запленети 21 тон марихуана.

Во официјалната документација како сопственик се наведува Христијан Котев, но според извори, реалната контрола ја има Тони Коцев (прекар М`гчев), поранешен претседател на огранокот на СДСМ во Ново Село, кој има и бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер Зоран Заев.

Полициската акција отвора прашања за можно неправилно користење на законските можности за производство на канабис, како и за политичка заштита или влијателни мрежи зад бизнисот.

Од МВР најавуваат дека истрагата ќе продолжи и случајот ќе биде целосно расчистен.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape