ПРВ.мк
Македонија

НЕВЕРОЈАТЕН УСПЕХ ВО МЕДИЦИНАТА: Извршена успешна операција тумор на базата на черепот во Клиника „Жан Митрев“

НЕВЕРОЈАТЕН УСПЕХ ВО МЕДИЦИНАТА: Извршена успешна операција тумор на базата на черепот во Клиника „Жан Митрев“
Kristal

Неврохируршкиот тим на Клиника Жан Митрев, предводен од проф. д-р Владимир Рендевски и д-р Михаил Таушанов, успешно изврши операција на 60-годишна пациентка со комплексен тумор на мозокот.

Туморот бил локализиран на базата на черепот, во близина на витални мозочни крвни садови, вклучувајќи ја десната внатрешна каротидна артерија. За време на операцијата била применета микроневрохируршка техника, со цел прецизно и безбедно отстранување на туморот и зачувување на виталните артерии.

Пациентката претходно имала прогресивна психомоторна забавеност, проблеми со меморијата, нарушена рамнотежа и падови. По успешниот оперативен зафат, таа е во стабилна состојба и се опоравува.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo