Американски државјанин на 43-годишна возраст бил пронајден починат во хотелска соба на подрачјето на скопската општина Центар, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, случајот бил пријавен вчера околу 08:00 часот, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош. Лекар ја потврдил смртта и констатирал дека на телото не биле забележани видливи траги што би укажувале на насилство.
По насоки на надлежен јавен обвинител, телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди точните околности и причината за смртта.






