Американскиот министер за финансии Скот Бесент соопшти дека по повод 250 години од независноста на САД во оптек е пуштено специјално издание на банкнотите од 100 долари, на кое се наоѓа потписот на претседателот Доналд Трамп.
Бесент на социјалната мрежа X објави фотографија од банкнотата, наведувајќи дека изданието е симболично одбележување на големиот јубилеј и историските достигнувања на земјата.
Сепак, објавата веднаш предизвика дебата, бидејќи според досегашната практика американските банкноти ги содржат потписите на министерот за финансии и државниот благајник, а не на претседателот на САД.

Поради тоа, во јавноста се отворија прашања дали станува збор за официјална промена или за специјално јубилејно издание. Засега нема дополнителни детали за тоа дали ваквите банкноти ќе станат дел од редовниот платен промет или ќе останат ограничена серија.






