ПРВ.мк
Топ Вести

Нов удар по џебот: Повисоки цени во угостителството

Нов удар по џебот: Повисоки цени во угостителството

Цените на угостителските услуги во Македонија продолжиле да растат и во јуни, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во споредба со мај, цените се повисоки за 0,2 проценти, додека на годишно ниво, во однос на јуни 2025 година, е регистриран раст од 2,6 проценти.

Најголемо месечно зголемување е забележано кај алкохолните пијалаци, чии цени пораснале за 0,3 проценти. Цените на храната и ноќевањата се зголемиле за 0,2 проценти, додека безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,1 процент.

Статистиката покажува дека во периодот од јануари до јуни 2026 година, цените на угостителските услуги се за 2,8 проценти повисоки во споредба со истиот период лани.

Во однос на декември 2025 година, цените во угостителството се зголемени за 0,8 проценти, што укажува на континуиран раст на трошоците за храна, пијалаци и сместување.