ПРВ.мк
Свет

Зеленски призна: „Да, се плашам!“

Зеленски призна: „Да, се плашам!“
Kristal

Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно изрази загриженост дека САД би можеле да го изгубат интересот за посредување меѓу Киев и Москва, пренесе Sky News. На прес-конференција во Даблин со ирскиот премиер Мајкл Мартин, тој рече дека останува умерен оптимист, но дека загриженоста е реална.

„Имаше малку оптимизам поради брзината на преговорите и јасниот интерес од американската страна. Тоа покажа дека Америка не се повлекува од дипломатскиот дијалог, и тоа е добро“, изјави Зеленски.

На прашањето дали се плаши од евентуално дистанцирање на САД од процесот, тој директно одговори: „Да, се плашам. Ако некој од нашите сојузници се замори…“ Зеленски истакна дека Русија има интерес „да го одвлече вниманието на Америка“ од украинското прашање.

Украинскиот лидер очекува повратни информации од американските посредници Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои неодамна се сретнаа со рускиот претседател Владимир Путин во Москва. Зеленски е подготвен повторно да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но тоа ќе зависи од исходот на разговорите во Кремљ.

Виткоф на Путин му презентирал ажуриран план за прекин на конфликтот, составен од 28 точки и дополнет со предлози од европските лидери. Претходната верзија на планот беше критикувана поради наводни попуштања пред Кремљ.

Украина категорично одбива какво било отстапување на територии и инсистира секој договор да го зачува суверенитетот и долгорочната безбедност на државата. Киев и европските влади бараат силни безбедносни гаранции слични на Член 5 на НАТО, но Вашингтон сè уште не се изјаснил дали е подготвен да оди до таа точка.

Русија, пак, ги отфрла овие барања како непотребни и претставува сериозна закана за Европа. Путин порача дека Русија е подготвена веднаш да се брани ако Европа започне војна и ги обвини европските влади дека преку неприфатливи барања се обидуваат да го прикажат Кремљ како пречка за мировниот процес, поткопувајќи ги напорите на САД.

Со овие спротивставени позиции, иднината на дипломатските напори останува неизвесна, а клучната улога на Вашингтон во мировниот процес сè уште е под знак прашање.

FixCredit
Atensa 300
Escape