ПРВ.мк
Црна Хроника

ПЕТ ЛИЦА, МЕЃУ НИВ ТРИ ДЕЦА, ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО СТАН: Откриена опасна концентрација на гас!

 ПЕТ ЛИЦА, МЕЃУ НИВ ТРИ ДЕЦА, ПРОНАЈДЕНИ МРТВИ ВО СТАН: Откриена опасна концентрација на гас!

Пет лица, меѓу кои три деца, го загубиле животот во стан во германскиот град Кел, во сојузната покраина Баден-Виртемберг, откако во објектот била откриена опасна концентрација на гас. Уште две деца се под медицинска грижа.

Случајот бил откриен утрово, откако децата не се појавиле на училиште. Околу 11:30 часот надлежните пристигнале пред семејниот стан на улицата „Рихард Вагнер“, но бидејќи никој не одговорил на вратата, била повикана полицијата.

Поради опасната концентрација на гас во станот, спасувачките екипи во почетокот не можеле безбедно да влезат во објектот. Подоцна, полициски службеници со заштитна опрема успеале да влезат и ги пронашле телата на таткото, уште една возрасна членка на семејството и три деца.

При интервенцијата, еден полициски службеник и една жена биле полесно повредени поради изложеност на гас, по што биле пренесени во болница. На местото на настанот биле ангажирани полицијата, пожарникарите, медицинските екипи и спасувачки хеликоптер.

Засега не е утврдено дали причина за случајот е технички дефект или евентуално кривично дело. Германската криминалистичка полиција започнала истрага со цел да ги утврди причините и сите околности под кои се случил трагичниот настан.

Најнови вести