Полицијата трага по две малолетни сестри од Штип, на возраст од 12 и 14 години, откако нивното исчезнување го пријавил таткото.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 22 ноември, во 17 часот, во СВР Штип било пријавено дека двете девојчиња се оддалечиле од семејниот дом и оттогаш се трага по нив.
Надлежните институции преземаат мерки и активности за пронаоѓање на малолетните сестри.






