ПРВ.мк
Македонија

ПОТКУП НА „ДОЛНО БЛАЦЕ“: Двајца гранични полицајци пријавени за примање пари од турски државјани за влез во Македонија!

ПОТКУП НА „ДОЛНО БЛАЦЕ“: Двајца гранични полицајци пријавени за примање пари од турски државјани за влез во Македонија!

Двајца полициски службеници на граничниот премин „Долно Блаце“ се осомничени за примање поткуп, откако наводно побарале и добиле пари за да им овозможат влез во Македонија на двајца турски државјани.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, против Х.К. и Ј.К. е поднесена кривична пријава до Специјализираното одделение при Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое е надлежно за кривични дела сторени од полициски службеници и припадници на затворската полиција.

Случајот се случил на 22 ноември 2026 година, кога првопријавениот, при вршење на граничните проверки за влез во државата, побарал и примил пари од лицето кое управувало со патничко возило во кое се превезувале двајца турски државјани.

Според пријавата, полицискиот службеник на возачот лажно му претставил дека постои проблем со престојот на турските државјани, по што побарал пари за да им овозможи влез во Македонија. Дел од парите што ги примил, наводно, му ги предал на второпријавениот полициски службеник.

Од МВР информираат дека против двајцата полицајци ќе биде поведена и дисциплинска постапка, а ќе бидат суспендирани од работните места до нејзиното завршување.

Најнови вести