Од 26 до 30 декември во Младинскиот парк во Велес ќе се одржи манифестацијата „Велес Winterfest“, која на посетителите ќе им понуди повеќедневна празнична програма.
Според најавите, настанот ќе опфати новогодишен базар, музичка програма, понуда на храна и греено вино, како и содржини и забава наменети за најмладите.
Манифестацијата се организира под мотото „Студени денови за топли спомени!“, со цел да донесе празнична атмосфера и дружење за граѓаните на Велес во пресрет на новогодишните празници.




