ПРВ.мк
Македонија

ТРИ ОБИДИ СО ЕДНА ИСТА ФАЛСИФИКУВАНА БАНКНОТА: Жена пријавена за обид да протурка лажни 50 евра!

ТРИ ОБИДИ СО ЕДНА ИСТА ФАЛСИФИКУВАНА БАНКНОТА: Жена пријавена за обид да протурка лажни 50 евра!

Шеесет и шестгодишна жена од Тетово заработи кривична пријава откако, според сомневањата на полицијата, во три наврати се обидела да употреби фалсификувана банкнота од 50 евра.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Тетово поднело кривична пријава против Т.И. (66) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.

Според полициските информации, случајот се случил на 5 ноември 2026 година, на улицата „Борис Кидрич“, пред Зелениот пазар во Тетово. Жената, како што се наведува во пријавата, во три различни наврати се обидела да ја пушти во оптек истата фалсификувана банкнота од 50 евра.

По целосното документирање на настанот, против неа била поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести