ПРВ.мк
Македонија

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ: Стапуваат во сила новите критериуми за боледувањата во Македонија - еве од кога!

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ГРАЃАНИТЕ: Стапуваат во сила новите критериуми за боледувањата во Македонија - еве од кога!

Од први декември 2026 година во Македонија почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата. Матичните лекари и понатаму ќе можат да одобруваат боледување до 15 дена, но за отсуство подолго од пет дена ќе се применуваат дополнителни медицински критериуми, во зависност од дијагнозата. За боледување подолго од 15 дена ќе одлучува лекарска комисија на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).

Новите правила се утврдени со Правилникот за начинот, постапките и критериумите за утврдување привремена спреченост за работа, кој беше објавен во „Службен весник“ број 254 од 30 октомври 2026 година.

Правилникот беше усвоен на 6 октомври од Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, а неговата примена започнува на први декември. Од Фондот појаснуваат дека измените не значат укинување или автоматско скратување на правото на боледување, туку промена на медицинските критериуми според кои се утврдува дали работникот е привремено неспособен за работа.

Министерот за здравство Сашо Клековски неодамна изјави дека сите измени на правилникот за боледувањата се правени врз основа на компаративни анализи, нагласувајќи дека има многубројни злоупотреби и целта е тие да се спречат. Тој истакна дека не смета оти намалувањето на периодот за кој матичен лекар може да отвори боледување од седум на пет дена е казна за граѓаните, бидејќи, како што рече, има инфлација на боледувања кои се издаваат по телефон, додавајќи дека пет дена за такво отсуство се сосема доволни.

Најнови вести