ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА РЕФОРМА ВО ЗДРАВСТВОТО: Скопската Итна помош станува самостојна установа, се формира и Национален диспечерски центар!

ГОЛЕМА РЕФОРМА ВО ЗДРАВСТВОТО: Скопската Итна помош станува самостојна установа, се формира и Национален диспечерски центар!

Министерот за здравство Сашо Клековски утрово го посети пунктот за Итна медицинска помош (ИМП) во Скопје – најоптоварената служба од ваков вид во земјата, со цел директно од вработените да ги слушне проблемите со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Како што информираат од Министерството за здравство, во тек е реализација на две клучни новини за унапредување на овој сегмент:

  • Самостојна установа: Итната медицинска помош во Скопје се издвојува од Здравствениот дом и ќе функционира како самостојна здравствена установа со сопствено раководство и буџет, што ќе претставува пилот-модел.
  • Национален диспечерски центар: Се воспоставува централизиран систем за координација на екипите од целата држава, со единствени национални стандарди за тријажа, со што секој повик ќе се оценува по иста скала – подеднакво во Скопје и во секој друг град.

Од ресорното министерство порачуваат дека медицинските тимови кои први пристигнуваат на терен кога на граѓаните им е најтешко, заслужуваат пристојни услови за работа и максимална безбедност додека ја извршуваат својата должност.

Најнови вести