По барање на граѓаните, Општина Кавадарци ја започна изградбата на нова канализациска и водоводна линија на крак од улицата „12 другари“ во Ваташа.
Од локалната самоуправа информираат дека со оваа инвестиција значително се подобрува комуналната инфраструктура и се создаваат подобри услови за поквалитетен и посигурен живот на жителите од овој дел на населеното место.
Оттаму најавуваат дека продолжуваат со активности на терен, следејќи ги потребите на кавадарчани и решавајќи ги секојдневните проблеми за подобра и поуредена општина.




