ПРВ.мк
Македонија

ХЕРОИНА НА ХУМАНОСТА ОД ВЕЛЕС: Марина Ацкова е жената со најмногу крводарувања во Македонија – дарувала крв дури 73 пати!

ХЕРОИНА НА ХУМАНОСТА ОД ВЕЛЕС: Марина Ацкова е жената со најмногу крводарувања во Македонија – дарувала крв дури 73 пати!

62-годишната велешанка Марина Ацкова е жената со најголем број крводарувања во Македонија – вкупно 73, за што доби посебно признание по повод 80-годишнината од постоењето на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје.

Ацкова, родена во 1964 година, повеќе од 35 години доброволно дарува крв, давајќи огромен придонес во спасувањето човечки животи. Веста за признанието таа ја сподели на социјалните мрежи, истакнувајќи дека особено ја радува фактот што по толку години добила потврда за својата хуманост и посветеност.

„Не треба да си лекар за да бидеш хуман, доволно е тоа да го носиш во себе“, порачува Ацкова, изразувајќи благодарност за досегашното здравје и поддршката од најблиските.

Нејзиниот долгогодишен пример на несебичност е силен потсетник за важноста на доброволното крводарителство и можноста секој поединец да помогне во спасувањето човечки живот. Настанот во Македонската филхармонија уште еднаш ја истакна клучната улога на доброволните крводарители во здравствениот систем.

Најнови вести