ПРВ.мк
Македонија

ВОЗАЧИТЕ ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ИЗМЕНИ НА ДВЕ А1 ДЕЛНИЦИ: Пренасочување на сообраќајот до крајот на декември!

ВОЗАЧИТЕ ЌЕ СЕ СООЧАТ СО ИЗМЕНИ НА ДВЕ А1 ДЕЛНИЦИ: Пренасочување на сообраќајот до крајот на декември!

Од утре ќе има привремени измени во режимот на сообраќај на експресниот пат А1, на делницата Градско – клучка Дреново, како и на автопатот А1, на делницата Велес – Неготино, во зоната на клучката Градско.

Измените ќе важат до 31 декември, а се воведуваат поради изведување санациони работи на асфалтните површини.

Од СТРАБАГ АГ, Подружница Страбаг Скопје, информираат дека за време на работите сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран согласно времената организација, поради што возачите треба да ја следат поставената сигнализација и да бидат внимателни при движењето низ овие делници.