ПРВ.мк
Македонија

Есенско разубавување на Кавадарци: Засадени нови дрвја на повеќе локации низ градот

Есенско разубавување на Кавадарци: Засадени нови дрвја на повеќе локации низ градот

На неколку локации во Кавадарци се реализира акција за есенско садење на нови садници, со цел збогатување на зелените површини, уредување на јавниот простор и создавање поздрава и попријатна животна средина за граѓаните.

Активноста се спроведува со донација од компанијата „Кожувчанка“, што претставува пример за општествена одговорност и поддршка на локалната заедница.

Од локалната самоуправа посочуваат дека продолжуваат со активностите за позелен, поуреден и поубав Кавадарци, нагласувајќи дека секое ново засадено дрво е инвестиција во иднината и во поквалитетна животна средина.