ПРВ.мк
Балкан

СИЛНА ПОРАКА: Мотоциклисти во портокалови елеци на протестно возење против насилството врз жените - „Не удирај, сакај“

СИЛНА ПОРАКА: Мотоциклисти во портокалови елеци на протестно возење против насилството врз жените - „Не удирај, сакај“

Мотоциклисти од различни делови на Бугарија учествуваа денеска во Софија на протестно возење против семејното насилство, носејќи портокалови елеци со пораката „Не удирај, сакај“.

Возењето е организирано под слоганот „Домот е место на љубов, а не на страв“, на иницијатива на бугарската народна правобранителка Велислава Делчева и мотоциклисти од целата земја, по повод Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, пренесува БТА.

Колоната тргнала во 11 часот пред канцеларијата на народниот правобранител, а завршила во паркот пред историската зграда на Народното собрание, каде што на учесниците им биле делени цветови како симбол на солидарност.