ПРВ.мк
Балкан

ВУЧИЌ ТВРДИ ДЕКА ДОБИЛ СМРТНИ ЗАКАНИ: „Ми беше испратена јасна порака дека ќе бидам ликвидиран“

ВУЧИЌ ТВРДИ ДЕКА ДОБИЛ СМРТНИ ЗАКАНИ: „Ми беше испратена јасна порака дека ќе бидам ликвидиран“

Александар Вучиќ гостуваше во утринската програма на телевизијата РТВ Пинк, каде што зборуваше за, како што тврди, сериозните закани по неговиот живот што ги добил, при што посочи дека му била испратена директна порака дека ќе биде ликвидиран.

„Полицијата практично не постои. Вчера добив најсериозни смртни закани, ми беше испратена јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран“, изјави Вучиќ во гостувањето.

Во разговорот тој се осврна и на активностите на „Студентската листа“ во Народното собрание, критикувајќи ги нивните изјави и ставови, особено во врска со прашањата за недвижниот имот и висококатниците.

Вучиќ рече дека, според него, нивните тврдења не се точни и дека смета оти постои несогласување меѓу она што го зборуваат и имотот што го поседуваат.

„Тие знаат дека сè што велам јас е вистина, додека сè што кажале тие е лага. Кога ќе прашате за висококатниците, одговорот е: ’Јас ќе го променам сето тоа‘. Зошто не го кажа тоа веднаш? Ќе речев: ’Добро – не знам како си ги заработил парите, но добро‘. Но, немој да се преправаш дека не можеш да си дозволиш костум, кога имаш средства да поседуваш висококатници“, рече Вучиќ.

Тој го спомена и новиот претседател на Народното собрание, Александар Чупиќ, за кого наведе дека се занимавал со развој на недвижности, поставувајќи прашања за потеклото на средствата со кои, според неговите тврдења, биле стекнати висококатниците и имотот.

„Тој се занимаваше со развој на недвижности. Од каде се парите за висококатница – за целиот тој имот? Станува збор за милиони и милиони евра“, заклучи Вучиќ.

Најнови вести