ПРВ.мк
Македонија

ПО 18 ГОДИНИ ЗАСТОЈ СЕ ВРАЌА ТАКТИЧКАТА ОБУКА ЗА РЕДОВНАТА ПОЛИЦИЈА: Директорот на БЈБ, Александар Јанев, изврши увид во подготовките на 87 полициски службеници

ПО 18 ГОДИНИ ЗАСТОЈ СЕ ВРАЌА ТАКТИЧКАТА ОБУКА ЗА РЕДОВНАТА ПОЛИЦИЈА: Директорот на БЈБ, Александар Јанев, изврши увид во подготовките на 87 полициски службеници

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска изврши увид во реализацијата на седумдневната интензивна тактичка обука на втората група од 87 полициски службеници од осумте Сектори за внатрешни работи, наменета за справување со нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем.

Како што истакна Јанев, по 18 години застој, повторно се воспоставува континуиран систем на тактичка обука за полициските службеници од редовниот состав. Обуката се спроведува под раководство на инструкторите од Одделот за специјални полициски операции и претставува значаен чекор кон унапредување на оперативната подготвеност, професионалноста и ефикасноста на полицијата.

Тој особено ги нагласи професионалноста, дисциплината, посветеноста и мотивираноста на полициските службеници, посочувајќи дека со соодветна обука и континуирано вложување може значително да се подигне нивото на оперативна подготвеност.

„Ова е само почеток. Продолжуваме со обука на сите полициски службеници од редовниот состав, надополнета со нови тактички содржини, современа опрема и технологии. Нашата цел е јасна: професионална, ефикасна и подготвена полиција, способна да одговори на сите безбедносни предизвици и да биде сигурен партнер на граѓаните“, порача директорот на БЈБ.

Јанев додаде дека безбедноста се гради со знаење, дисциплина, професионалност и интегритет, нагласувајќи дека со инвестирањето во луѓето се јакнат капацитетите и се унапредува целокупната безбедност.

Најнови вести