ПРВ.мк
Свет

ВИДЕО: Полицијата ја претресува вилата на поранешниот претседател, една глетка особено ги изненадила

ВИДЕО: Полицијата ја претресува вилата на поранешниот претседател, една глетка особено ги изненадила

Полицијата и обвинителството во Парагвај спроведуваат претрес во луксузната вила на поранешниот претседател Сантијаго Пења, каде што откриле таен сеф скриен зад лажен ѕид.

Станува збор за резиденција во градот Сан Бернардино, во која истражителите пронашле софистициран безбедносен систем од израелско производство. Сефот е заштитен со пристапни кодови и технологија за препознавање на ирисот на окото, поради што надлежните сè уште не успеале да го отворат.

Претресот следува откако Пења беше сменет од претседателската функција и уапсен поради финансискиот скандал поврзан со пропаѓањето на банката „Уено“.

Колапсот на банката предизвика сериозна економска криза во земјата, оставајќи милиони граѓани без пристап до нивните банкарски сметки.

Според локалните медиуми, изградбата на луксузната резиденција чинела околу 1,1 милион евра, а поранешниот претседател подигнал и два банкарски кредита за нејзино финансирање.

Особено внимание привлекува информацијата дека месечните рати за кредитите изнесувале околу 34.100 евра, односно шестпати повеќе од неговата претседателска плата.

Пења се наоѓа во притвор, додека истражителите продолжуваат со обидите да го отворат мистериозниот сеф и да утврдат што се наоѓа во него.


Видео: