Страшен настан ја потресе Србија откако на Златибор било пронајдено безживотното тело на млада жена, на возраст од околу 20 години. Според првичните неофицијални информации, постои сомнение дека девојката била жртва на убиство.
Како што пренесуваат српските медиуми, повикувајќи се на „Телеграф“, младата жена наводно била усмртена со нанесување тешки повреди, по што нејзиното тело било фрлено од тераса на објект.
На местото на трагедијата пристигнале полициски службеници, форензички екипи и надлежен јавен обвинител. Во тек е увид со цел да се утврди што точно се случило.
Според неофицијалните сознанија, како осомничен се споменува руски државјанин, кој по настанот побегнал во непознат правец.
Полицијата започнала интензивна потрага, а според медиумските информации, блокирани се и одредени патни правци за да се спречи неговото бегство.
Надлежните институции треба дополнително да ги утврдат околностите на трагичниот настан.





