ПРВ.мк
Црна Хроника

СМРТ НА 32-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ: Четворица медицински техничари во притвор под сомнение за тешко убиство!

СМРТ НА 32-ГОДИШЕН ПАЦИЕНТ: Четворица медицински техничари во притвор под сомнение за тешко убиство!

Четворица медицински техничари од психијатриска клиника во Загреб се осомничени за тешко убиство на 32-годишен пациент, а судот им одреди едномесечен притвор. Станува збор за случајот со смртта на Кристијан Јосип Периш, поранешен атлетичар и долгогодишен тренер, кој почина на 21 октомври во Клиниката за психијатрија „Свети Иван“.

Според информациите од загрепската полиција, Периш во моментот на настанот лежел на кревет и бил делумно врзан со ремени. Кога се обидел да се ослободи и да стане, четворицата медицински техничари, според сомневањата на истражителите, го задржувале со сила.

Обвинителството се сомнева дека осомничените постапиле спротивно на правилата на медицинската струка и дека при задржувањето на пациентот му нанеле повеќе повреди. Засега не е јавно објавена точната причина за неговата смрт, а околностите под кои дошло до трагичниот исход сè уште се истражуваат.

Притворот бил одреден на 8 ноември, поради опасност осомничените да влијаат врз сведоците, можноста да го повторат делото, како и поради особено тешките околности под кои, според истрагата, се случил настанот.

Директорката на клиниката, Мајда Грах, соопштила дека е започната постапка за вонреден отказ на тројца вработени. Таа посочила дека установата побарала извештаи од внатрешната проверка, ги известила надлежните институции и целосно соработува со истражните органи.

Во меѓувреме, случајот предизвикал реакции и меѓу вработените во здравствената установа. Во понеделникот, колеги на осомничените организирале протест пред клиниката, изразувајќи поддршка за нив и барајќи подобри и побезбедни услови за работа.

Како што пренесува ХРТ, управата на клиниката ги прифатила нивните барања за организирање дополнителни обуки за постапување во ризични ситуации, како и за ангажирање обезбедување во установата.

Најнови вести