Сообраќајна несреќа се случила на скопската обиколница, на делницата од Качанички пат во правец кон Бутел, откако камион излетал од коловозот.
Според информациите објавени од „Скопје1.мк“, на местото на настанот веднаш пристигнале полициски екипи, кои презеле активности по несреќата.
Засега не се познати причините поради кои возачот ја изгубил контролата и камионот излетал од патот. Нема ниту официјални информации дали во инцидентот има повредени лица.
Повеќе детали за околностите на сообраќајната несреќа се очекуваат по завршувањето на полициските проверки.







