Македонија зема активно учество на Глобалниот самит за климата COP31 што се одржува во Анталија, Турција, каде што фокусот беше ставен на Денот посветен на здравјето. На министерската тркалезна маса беше порачано дека климатските промени веќе не претставуваат само еколошки предизвик, туку сè почесто стануваат директна и растечка закана за јавното здравје.

На настанот свои клучни обраќања имаа министерот за здравство на Турција, Кемал Мемишоглу, претседателот на COP31, Мурат Курум, генералниот директор на СЗО, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, како и министерот за здравство на Бразил, Александре Падиља.
Клучни пораки од обраќањата и панелите:
- Хуманитарна помош и здравје во кризи: На панелот на високо ниво беше истакнато дека кога климатските и здравствените кризи ги надминуваат капацитетите на една држава, меѓународната помош мора да биде навремена, заснована на реалните потреби и координирана со националните институции. Таа треба да ги надополнува домашните капацитети, а не да ги заменува.
- Улогата на малите земји во глобалната борба: Во рамки на панелот во организација на Светската здравствена организација (СЗО), се дискутираше за лекциите и искуствата што малите земји можат да му ги понудат на светот во справувањето со климатските промени.
Иако сме мала земја, пораката од самитот е јасна — ниту една држава не е премногу мала за да понуди решенија и да направи реална разлика во глобалната климатска акција.








