ПРВ.мк
Македонија

ИЗБЕГНАТА ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Експлодирал бојлер во стан!

ИЗБЕГНАТА ГОЛЕМА ОПАСНОСТ: Експлодирал бојлер во стан!

Рано утрово се случила експлозија во стан во скопската општина Аеродром, откако се запалил бојлерот во тоалетот.

Според информациите од полицискиот билтен, случајот бил пријавен во СВР Скопје во 04:50 часот. Пријавено било дека во стан на подрачјето на Аеродром дошло до опожарување на бојлерот во тоалетот, по што следела и експлозија.

За среќа, во инцидентот нема повредени лица.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а околностите под кои дошло до пожарот и експлозијата се предмет на постапување.