Силна експлозија во железарница во турскиот град Измир предизвикала пожар, а првичните информации од местото на настанот укажуваат на можност за голем број загинати и повредени.
Несреќата се случила во фабриката „Хабаш“ (Habaş), лоцирана во областа Алиага во Измир. По експлозијата избувнал пожар, а според првичните извештаи, делови од објектот биле урнати, при што повеќе работници наводно останале заробени под урнатините.
Дописникот на турската телевизија „НТВ Хабер“ (NTV Haber) известил дека првичните информации зборуваат за многу загинати и повредени лица. Сепак, засега нема официјална потврда за точниот број на жртви, ниту за конечните последици од несреќата.
Веднаш по експлозијата, на местото биле испратени бројни противпожарни и медицински екипи, кои интервенираат во обид да го стават пожарот под контрола и да им помогнат на настраданите.







