ПРВ.мк
Балкан

ОТВОРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ РАМА: Обвинителството ја прифати кривичната пријава, под лупа и проектот на Кушнер!

ОТВОРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ РАМА: Обвинителството ја прифати кривичната пријава, под лупа и проектот на Кушнер!

Специјалното обвинителство во Албанија ја прифатило кривичната пријава поднесена против премиерот Еди Рама, со што се отвора пат за истрага поврзана со проектите за изградба на одморалишта, меѓу кои е и проектот на Џаред Кушнер.

Како што објави „Тирана репорт“, поднесокот содржи барања за истражување на сомневања за злоупотреба на службената положба, незаконско влијание, корупција на високо ниво, како и можна вмешаност на структурирана криминална група.

Прифаќањето на кривичната пријава значи дека обвинителството ќе ги разгледува наводите и околностите поврзани со споменатите проекти. Станува збор за сериозни сомневања кои допрва треба да бидат предмет на истражување, а самото поднесување и прифаќање на пријавата не значи дека вината на премиерот е утврдена.

Случајот се отвора во период кога во Албанија веќе неколку недели се одржуваат протести против владата на Рама. Протестите првично биле организирани од студенти, а во последниот период кон нив се приклучила и опозицијата, со што незадоволството добива поширока политичка поддршка.