ПРВ.мк
Црна Хроника

ДЕТЕ КАСНАТО ОД КУЧЕ: Седумгодишник повреден додека си играл со другарчињата!

ДЕТЕ КАСНАТО ОД КУЧЕ: Седумгодишник повреден додека си играл со другарчињата!

Седумгодишно дете било каснато од куче во паркот кај „Шарената џамија“ во Тетово, додека си играло со своите другари. Момчето се здобило со повреда на левата рака, по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница во Тетово.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 8 ноември 2026 година, во 19:50 часот, во Секторот за внатрешни работи Тетово. Пријавата ја поднел 45-годишен жител на Тетово, кој информирал дека неговиот син бил нападнат од куче неколку часа претходно, околу 16:45 часот.

Настанот се случил во паркот кај „Шарената џамија“, каде што детето си играло со другарчињата. Според пријавеното, кучето било водено на ремен од лице наведено во полицискиот билтен, но во еден момент скокнало и го каснало седумгодишникот за левата рака.

На детето веднаш му била пружена медицинска помош во тетовската Клиничка болница.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.