37-годишен жител на Тетово починал во својот дом, а неговото тело било донесено во Клиничката болница во Тетово без знаци на живот. Причините за смртта засега не се познати, поради што надлежниот јавен обвинител наредил да се изврши обдукција.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 8 ноември, во 16:35 часот, од Интерното одделение на тетовската болница била пријавена смртта на Ф.С. (37) од Тетово.
По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот, каде што лекар ја констатирал смртта. Според првичните информации, мажот починал во својот дом, а при прегледот на телото не биле забележани траги на насилство.
Увид на местото извршиле полициска екипа и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Обвинителот издал наредба за обдукција, со цел да се утврдат точните причини и околностите под кои настапила смртта.









