Кривична пријава е поднесена против 22-годишен жител на дебарско село поради сомнение дека сторил кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека пријавата ја поднело Одделението за внатрешни работи Дебар против С.Ц. (22).
Според полициските информации, на 13 август годинава, осомничениот воспоставил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарскиот регион, откако ја зел со својот автомобил во близина на нејзиниот дом.
По преземените мерки, полициски службеници, заедно со тим од Центарот за социјални работи, извршиле службени разговори со лицата вклучени во случајот, во присуство на член од семејството на малолетничката.
Од полицијата информираат дека 22-годишникот бил лишен од слобода, а против него е поднесена кривична пријава поради сомнение за наведеното дело.








