ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Нападнати родители, сопруги и 13-годишно дете!

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ: Нападнати родители, сопруги и 13-годишно дете!

Шест случаи на семејно насилство и упатување закани биле евидентирани во полицискиот билтен, а инцидентите се случиле во повеќе градови и населени места низ државата. Во пет од случаите полицијата привела осомничени лица, додека против едно лице е поднесена кривична пријава.

Еден од пријавените случаи се случил во делчевско село, каде што синоќа во 23:10 часот полициски службеници го привеле А.Л. (45). Тој бил пријавен дека физички го нападнал својот 13-годишен син. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе следува соодветна пријава.

Во тетовско село, пак, бил приведен 24-годишниот П.А., откако неговата 49-годишна мајка пријавила дека по претходна расправија ја нападнал во семејниот дом.

Приведување имало и во Гостивар. Таму, 35-годишниот Х.Д. бил лишен од слобода по пријава од неговиот 70-годишен татко, кој пријавил дека по расправија физички ги нападнал и него и неговата сопруга.

Во истиот град била поднесена и кривична пријава против 29-годишниот В.Д. поради сомнение дека на 16 октомври ѝ упатувал закани на својата 52-годишна мајка.

Во Ресен, полицијата го привела 24-годишниот Е.Џ. по пријава за физички напад врз неговата невенчана сопруга.

Шестиот случај бил пријавен во гевгелиско село, каде што полицијата привела 45-годишен маж. Според пријавата, тој во семејниот дом се однесувал агресивно кон сопругата и нивните малолетни деца. И за овој настан бил известен јавен обвинител.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека сите случаи се документираат и по завршувањето на постапките ќе бидат преземени соодветни законски мерки, односно ќе следуваат пријави и поднесоци против инволвираните лица.