ПРВ.мк
Македонија

ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ: Приведени пет лица, меѓу нив и 16-годишник!

ПОЛИЦИСКИ АКЦИИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ: Приведени пет лица, меѓу нив и 16-годишник!

Пет лица, меѓу кои и едно малолетно момче на возраст од 16 години, биле приведени во полициски акции спроведени вчера и денеска на неколку локации во Скопје. При контролите, полицијата кај нив пронашла различни материи за кои постои сомневање дека се наркотични дроги.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициските службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Х.Ј. (33), М.Ј. (19) и Н.У. (43), сите од Скопје, како и 16-годишен малолетник од селото Визбегово и С.П. (38) од општина Сарај.

При извршените полициски контроли и проверки, кај приведените биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, друга прашкаста материја и марихуана.

Од МВР посочуваат дека случаите се документираат, а по целосното утврдување на сите околности против петте лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.