ПРВ.мк
Македонија

ЧЕСТИТ 9 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ВЕЛЕС: Почит за хероите кои го дадоа животот за слободата на градот!

ЧЕСТИТ 9 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА ВЕЛЕС: Почит за хероите кои го дадоа животот за слободата на градот!

Со положување свежо цвеќе пред бистите во Младинскиот парк и во Спомен-костурницата, денеска во Велес беше оддадена почит на борците и хероите кои го дадоа својот живот во борбата против фашистичкиот окупатор.

Деветти ноември е денот кога пред 82 години Велес ја извојува својата слобода. Храброста, пркосот и непокорот на предците ги поставија темелите на современиот град во кој денес граѓаните слободно живеат, создаваат и сонуваат.

Жртва која се помни и пренесува на идните генерации

Борбата на знајните и незнајните херои претставува една од највредните страници во историјата на Велес. Нивната жртва останува траен завет и гордост, но и обврска за сите идни генерации да ја чуваат и негуваат слободата.

По повод празникот, на сите граѓани им беше упатена честитка за Денот на Општина Велес, со порака за вечен спомен на хероите и нивниот непокор.