Полицијата во Зрењанин, по налог на Вишото јавно обвинителство, го уапси Д. М. (19) од Житиште, кој се сомничи дека под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во која загина едно лице.
Според соопштението од Полициската управа во Зрењанин, тој е уапсен поради постоење основи на сомневање дека извршил кривични дела тешки дела против безбедноста во јавниот сообраќај и непомагање на лице повредено во сообраќајна несреќа.
Тој се сомничи дека на 7 ноември, околу 1:30 часот по полноќ, во местото Меѓа, управувајќи автомобил „опел“ под дејство на алкохол и без возачка дозвола, изгубил контрола над возилото, излетало од патот и удрило во дрво, по што го напуштил местото на настанот.
Во автомобилот се наоѓал и дваесет и тригодишен патник кој го загубил животот, додека кај Д. М. во болницата во Зрењанин се констатирани тешки телесни повреди.
На Д. М. му е одредено задржување до 48 часа и тој, со кривична пријава, ќе биде изведен пред надлежното обвинителство во Зрењанин.







