Страшна трагедија се случи денеска на Златибор, каде што, според првичните неофицијални информации, е пронајдено беживотно тело на помлада женска особа на возраст од околу дваесет години.
Според пишувањата на медиумите, постои сомневање за брутален злочин. Неофицијално, девојката била убиена со повеќе тешки повреди, а потоа нејзиното тело било фрлено од терасата на еден објект.
Полицијата го блокираше подрачјето, дежурниот обвинител е на терен
На местото на настанот итно се испратени бројни полициски патроли, форензичари и дежурен јавен обвинител кој врши увид со цел да се утврдат сите околности на оваа трагедија.
Потрага по осомничениот
За овој злочин се сомнева државјанин на Русија, кој веднаш по настанот побегнал во непознат правец.
Полицијата интензивно трага по осомничениот, преземајќи ги сите потребни мерки и блокирајќи ги патните правци за да му се влезе во трага во најкраток можен рок.







